Фудбал
Швеѓанецот со македонско потекло ги мина лекарските прегледи во Тотенхем, навивачите со критики до директорот дека ја полни касата на Јувентус
Дејан Кулушевски, Швеѓанец со македонско потекло, во продолжението на сезоната ќе настапува во дресот на Тотенхем. Според информациите од Англија, но и од Италија тој ги минал лекарските прегледи, па се очекува официјализирање на соработката. Кулушевски е во втор план сезонава кај Алегри, а договорот е позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп од 30 милиони евра.
Инаку, навивачите на Тотенхем не се баш задоволни од овој трансфер. На социјалните мрежи дури има критики на адреса на директорот на Тотенхем, Паратиќи, кој е поранешен спортски директор на Јувентус, дека со лошите зделки ја полни касата на „Старата дама“.