Connect with us

Фудбал

Си го одзеде животот поради лошите игри на Меси и Аргентина

Репрезентацијата на Аргентина сигурно е најголемото разочарување на досегашното Светско првенство во Русија.

Аргентинците по две одиграни кола имаат само еден бод и можат да му се заблагодарат на Нигерија што се уште имаат шанса да се пласираат во осмина финалето. Пред Аргентинците е натпреварот против Нигерија, а само со победа и кикс на Исланд ќе поминат во следната фаза

Навивачите на оваа селекција се разочара од играта на својот тим, а поразот од Хрватска ги „дотепа“. Еден од фановите на Лионел Меси дури и изврши самоубиство по натпреварот со Хрватска.

Имено, навивачот од Индија, Дину Алекс беше голем фан на Меси, а со тоа и на селекцијата на Аргентина. Полицијата со денови трагаше по него, а потрагата се заврши кобно кога го пронајдоа неговото безживотно тело.

По натпреварот Хрватска – Аргентина, Алекс само го исклучил телефонот и заплака, а потоа скокнал во реката и се удавил.