Фудбал
Сидорф: Јас не тренирам ниту еден тим затоа што сум Афроамериканец
Поранешниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф се пожали дека тренерите со темна кожа се дискриминирани во фудбалскиот свет и ретко имаат можност да бидат главни тренери.
Поранешниот фудбалер на Ајакс, Интер, Реал Мадрид и Милан, кој моментално е без клуб, во интервју за „Газета дело Спорт“ изјави дека воопшто нема понуди и дека тоа е поради неговата боја на кожа.
„Нема еднаквост во давањето шанса меѓу тренерите. Бројките зборуваат сами за себе. Во денешниот фудбал, нема афро-американски тренер кој има силна позиција“, рече Сидорф.
Сидорф исто така рече дека од идентични причини ниту Патрик Виеира ниту Тиери Анри имаат шанса во големите тимови.
Сидорф ја започна својата кариера како тренер во Милано во 2014 година, но ги водеше младински тимови. По само пет месеци отиде во Кина, работеше и како тренер на Депортиво Ла Коруња, но и во репрезентацијата на Камерун.
„Прифатив секакви понуди за да докажам дека вредам. Ризикував затоа што немаше многу понуди и знаеме зошто. Вратата мора да биде отворена за секого, без разлика од каде сте и како изгледате. Најважно е дали сте способни за нешто или не“, додаде тој.