Connect with us

Фудбал

Силекс со два гола до победа над Академија Пандев

Во последното, 36. коло од ПМФЛ Силекс издвојува победа на гостувањето кај Академија Пандев со резултат од 1:2.

Силекс денеска покажа одлична игра, а тоа го потврдува и резултатот.

Резултатот го отвори Бујчевски кога во 23. минута беше прецизен и го доведе Силекс во водство од 0:1. Ова беше и резултатот на првото полувреме на оваа средба.

Благојевиќ ја зголемува предноста на Силекс на 0:2 во 61. минута од натпреварот.

Почесниот погодок за домаќинот го постигна Мишов во 85. минута од натпреварот и ги постави конечните 1:2 на оваа средба.

Силекс ја заврши сезоната на 5. место на табелата со 50 освоени бодови, а Академија Пандев на 6. место на табелата со 42 освоени бодови.