Други спортови
Силно нека се вее, Летечкиот Македонец со триумф и рекорд во Швајцарија, титулата на дофат!
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски продолжува со својот поход до шампионската титула во Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе изминатиов викенд беше најбрз на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
Иџе триумфираше и на двете трки во Швајцарија, на првата постави и нов рекорд на патеката.
До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првата позиција, по осум трки.