Connect with us

Фудбал

Силувачот од Манчестер Сити пуштен од затвор

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжамин Менди, кој е обвинет за повеќе силувања и сексуални напади, ќе се брани од слобода, откако му беше одредена кауција.

27-годишниот Менди беше во притвор од неговото апсење во август, откако беше обвинет дека сексуално нападнал пет жени од октомври 2020 до август 2021 година. Францускиот фудбалер е обвинет за седум силувања и едно обвинување за сексуален напад.