Connect with us

Фудбал

Силва: Не ветуваме титула, но…

Капитенот на бразилската репрезентација Тијаго Силва вели дека пред почетокот на Светското првенство може само да вети дека неговиот тим ќе игра добар фудбал.

На претходниот Мундијалот, Бразилците доживеаа дебакл на свој терен, откако во полуфиналето Германија ги победи со 7:1. Германците потоа станаа светски шампиони со триумф над репрезентацијата на Аргентина.

„Имаме шанса да играме на уште едно Светско првенство и да испишеме нови страници во историјата. Не можеме да ветиме титулата, но можеме да ветиме одлични натпревари. Кога ќе дојде време за Светското првенство, ќе гледате одличен фудбал“, истакна Силва.

Репрезентацијата на Бразил во моментов се подготвува во Лондон, со Нејмар, кој не играл неколку месеци поради повреда. Фудбалерот на Париз Сен Жермен рече дека не бил целосно подготвен по операцијата, но дека бил подготвен да игра на Мундијалот.

„Се уште се плашам да дадам се од себе, но се уште има време за почеток на првенството“, рече Нејмар.

Светското првенство во Русија е на распоред од 14 јуни до 15 јули, а Бразил ќе игра во групата со Србија, Костарика и Швајцарија.