Фудбал
Силвио Берлускони го враќа Кака од пензија?
Силвио Берлускони пред неколку дена повторно стана „газда“ на еден фудбалски клуб, откако официјално го заврши процесот на купување на италијанскиот третолигаш Монца.
Накогашниот премиер на Италија и сопственик на Милан со себе во Монца ја поведе и својата долгогодишна десна рака – бившиот извршен директор на Росониерите Адриано Галиани.
Покрај Галиани во Монца би можел да дојде уште едно добро познато лице од владеењето во времето на Берлускони во Милан. Имено, како што пишуваат италијанските медиуми, Берлускони му понуди на некогашниот играч на Милан Кака да се врати од пензија и да игра за неговата Монца.
Наводно 36-годишниот Кака има понуда од Берлускони кога ќе ја заврши својата епизода во Монца да добие и некоја од функциите во клубот. Се шпекулира дека Кака сериозно размислува за понудата за повторно здружување со некогашниот „шеф“.
Кака својата кариера ја заврши минатата година, а за Милан играше во два наврати, од 2003. до 2009. година и од 2013. до 2014. горина.
За потсетување, Силвио Берлускони беше сопственик на Милан 31 година пред да го продаде во 2017. година. Додека Берлускони беше сопственик Галиани беше директор на клубот, а Росониерите под нивното водство осум пати ја освоиа Серија А и пет пати беа шампиони на Европа.