Connect with us

Фудбал

Симеоне по страшната серија: Не победуваме како порано

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази сериозна загриженост за резултатите на „душеците“ по четвртиот последователен пораз на неговиот тим. Атлетико загуби со 1:2 на гостувањето кај Гранада и веќе заостанува 17 бода зад лидерот Реал Мадрид.

„Играме добро, но резултатите не ги исполнуваат очекувањата на тимот. Создадовме многу добри позиции, но топката никогаш не влезе во вратата. Имавме можност да водиме. Плаќаме висока цена, и покрај нашата добра игра, овој пораз не е заслужен.

“ Сепак, расеаната игра, недоволната концентрација во ситните детали не чинеа губење на бодови. Повеќе не победуваме како порано. Често победуваме во натпревари во кои не ја заслужуваме победата и ги губиме оние во кои играме подобро“, коментира Симеоне.