Фудбал
Симеоне пред Ливерпул: Дали ќе го нападнеме Ливерпул? Тоа е убав сон
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше искрен пред вечерашниот натпревар против Ливерпул во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ вечерва бранат предност од 1:0 од Мадрид во реваншот од осмина финалето, при што Симеоне изјави дека добрата одбрана вечерва ќе биде првенствениот начин на игра за неговиот тим.
„Не би било логично да ви кажам какви се нашите тактики. Некои тренери постојано велат дека секогаш ќе го нападнат противникот, но за нас тоа би било само убав сон. Одбраната е наш голем квалитет“, вели Аргентинецот.
Тој исто така додава:
„Ние секогаш се натпреваруваме на високо ниво. Таков натпревар нè очекува и сега и од нас се бара да одговориме на задачата. Ако се држиме до планот, мислам дека можеме да ги доведеме во опасност“.
„Другите само ви пречат во одредени периоди од натпреварот. Тие го прават тоа цело време. Целите се високи, тие ви вршат притисок. Тие можат да ве нападнат на различни начини, затоа треба да останеме фокусирани цело време и да не правиме грешки“, додава Симеоне.
Покрај натпреварот Ливерпул – Атлетико Мадрид, вечерва е закажан и реваншот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд.