Фудбал
Симеоне: За мене Гризман е најдобар играч на светот
Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман синоќа одигра одличен натпревар против Клуб Бриж во Лигата на шампионите, а постигна и два погодоци.
Навистина среќе поради неговата игра беше тренерот Диего Симеоне кој по натпреварот уште еднаш порача дека според него Французинот е најдобар напаѓач на светот.
„Кажав и претходно, ќе кажам и сега – за мене Гризман е најдобар играч на светот. Ја освои Лига Европа, Светското првенство, УЕФА Суперкупот и беше втор во лигата каде играат и Реал Мадрид и Барселона. Одлучи да остане во Атлетико и сега ужива во тоа. Ова се исклучително важни моменти за неговата кариера“ рече Симеоне.
Инаку, Атлетико Мадрид по два натпревари има максимален број бодови во групата А, а сега следуваат два натпревари против Дортмунд.