Connect with us

Други спортови

Симона Халеп најде нешто „позитивно“ во коронавирусот

Симона Халеп ја победи Серена Вилијамс во минатогодишното финале на Вимблдон.

Сепак, таа нема да има можност да ја брани титулата летово бидејќи поради кононавирусот е откажан.

„Го гледам тоа од позитивната страна затоа што ќе бидам бранител на титулата две години. Јас ќе ја носам титулата уште една година, што е добра работа“, рече Халеп.

Таа е во Романија, каде 22 дена е во изолација, а единственото излегување и е на теренот до куќата каде што тренира.

„Најлошото сценарио е да се откаже сезоната. Се надевам дека нема да се случи тоа, но оваа пандемија не е мал проблем“, заврши Халеп.