Фудбал
Синиот дел од Манчестер го слави киксот на Арсенал, Лестер го победи Волвс
Одиграни се натпреварите од 13. коло на Премиер лигата, а постигнати се неколку многу интересни резултати.
Арсенал киксираше денеска на гостувањето кај Саутемптон. Денеска се очекуваше победа за Арсенал кој игра одлично оваа сезона.
Натпреварот започна добро за Топџиите кои поведоа во 11. минута. Вајт одлично нафрли, а голот го постигна Џака.
Сепак, во средината на вториот дел Армстронг го израмни резултатот, а до крајот на натпреварот ниту една екипа не успеа да постигне гол што би значел победа и три бода.
Астон Вила конечно одигра многу подобро, а очигледно требаше да има промена на клупата на овој тим за да почнат работите да им изгледаат подобро.
За само 14 минути од натпреварот против Брентфорд, екипата на Астон Вила успеа да постигне три гола и со тоа практично уште тогаш да го реши прашањето за победникот.
Бејли погоди во 2. минута за 1:0, а пет минути подоцна беше 2:0 за Астон Вила. Голот потоа го постигна Ингс на асистенција на Бејли.
Во 14. минута беше 3:0, а одличниот напаѓач на Астон Вила, Ингс, го постигна својот втор гол на натпреварот, овој пат од пенал.
Конечниот резултат и победата на домашните од 4:0 против денешниот слаб Брентфорд ги постави Воткинс со гол во 59. минута.
На натпреварот помеѓу Лидс и Фулам беа забележани пет гола. Лидс поведе во 20. минута откако Родриго ја затресе мрежата на гостите.
Тоа беше се што видовме од Лидс на овој натпревар. Митровиќ постигна гол во 26. минута и ги врати работите на почеток.
Во вториот дел уште два гостински гола за убедлива победа на крајот. Најпрво Рид погоди во 74. минута од натпреварот, а Вилијан ја обезбеди победата во 84. минута од натпреварот.
До крајот на натпреварот Лидс успеа да постигне гол во судиското надополнување за 2:3, но не можеше да се спаси од пораз.
Вулверхемптон беше разбиен на домашен терен од Лестер. Гостите денеска славеа со високи 0:4 и со тоа најавија будење во оваа сезона.
Тилеманс погоди во 8. минута за 0:1, а во 19. минута Барнс постигна гол за 0:2 и со тој резултат се замина на одмор.
Во вториот дел најпрвин Медисон зголеми на 0:3 во 66. минута, а конечниот резултат од 0:4 го постави Варди во 80. минута од играта.