Тајмаут
Синиша Михајловиќ објави дует со Златан Ибрахимовиќ: Ќе бидеме двајца Цигани на сцената …
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ најави дека следната недела ќе учествува на фестивалот „Санремо“ заедно со Златан Ибрахимовиќ.
Српскиот стручњак е голем пријател на Златан, а организаторите на славниот фестивал решија да ги соберат на сцената.
“Двете работи што ги правам најлошо се пеење и танцување. Ибра е исто така очаен пејач, тој е подобар во танцување од мене. Но, ние барем ќе ги насмееме луѓето”, рече Ибрахимовиќ и додаде:
“Ибра и јас ќе бидеме двајца Цигани на сцената. Штета е што нема да има публика”, рече Михајловиќ.
Сигурно ќе биде интересно да се види како ова дуо се справува на сцената.