Connect with us

Фудбал

Сините веќе гледаат кон полуфиналето: Првиот од двата натпревари на истиот стадион му припадна на Челзи

Published

on

УЕФА претходно донесе одлука двата натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите, помеѓу Порто и Челси да се играат на стадионот „Санчез Писхуан“ во Севилја.

Првиот беше на програмата вечерва. Како номинални гости, „Сините“ славеа со 0:2 и веќе со право гледа кон полуфиналето.

Англискиот тим имаше доволно голови во двата дела. Во првото полувреме убав гол постигна Маунт откако во 32. минута маестрално се ослободи од својот ривал.

Конечниот резултат го постави Чилвел на крајот од мечот, кој ја искористи грешката на одбраната на Порто.

Патем, во текот на играта, иако и Порто имаше свои шанси, може да се каже дека Челзи заслужено славеше и е на добар пат да оди понатаму.

Реваншот меѓу овие два тима се игра во вторник на 13 април.

Facebook