Фудбал
Синоќа ја направи најголемата грешка во кариерата, а утрово доби ужасни вести (ВИДЕО)
Голманот на Брегот на Слоновата Коска, Бадра Али Сангара беше трагичар на натпреварот против Сиера Леоне синоќа.
Брегот на Слоновата Коска водеше со 2-1 на синоќешниот натпревар и беше на чекор до победа, но Сиера Леоне успеа да извлече реми во 93. минута.
Сангра направи неверојатна грешка кога ја испушти топката, која на крајот ја зеде Камара и погоди за 2:2.
Се обиде да спречи топката да излезе во корнер, но потоа направи нереална грешка. Сангаре поради тоа лежеше и плачеше на теренот, а од друга страна фудбалерите на Сиера Леоне славеа голем подарок и бод на овој меч.
Сепак, кошмарот за Сангре продолжи и по натпреварот. Имено, голманот на Брегот на Слоновата Коска утрово бил во тажни вести бидејќи бил информиран дека неговиот татко починал.
Our hearts go out to #TeamCotedIvoire goalkeeper Badra Ali Sangaré who lost his father earlier today.
Stay strong. pic.twitter.com/yYSrWkERnz
— #TotalEnergiesAFCON2021 ? (@CAF_Online) January 17, 2022
За него овој турнир се претвори во вистинска ноќна мора, а за смртта на својот татко дозна утрово откако се разбуди.