Фудбал
Синот му потпиша за Јунајтед, а тој крајно разочаран, Роналдо сакал да разговара околу неговата иднина?!
Англиските медиуми утрово објавија дека 11 годишниот Роналдо Џуниор потпишал договор со Манчестер Јунајтед и дека ќе го носи бројот 7 исто како и неговиот татко. Сепак, новата информација е дека Кристијано Роналдо е разочаран во Манчестер Јунајтед, односно не е среќен, пред се поради резултатите на тимот. Наводно сакал да разговара со менаџерот за неговата иднина во клубот. Не е исклучено, 37 годишниот фудбалер да замине на крајот од сезоната
Медиумите тврдат дека со менаџерот Хорхе Мендеш ќе ги разгледа опциите за понатаму. Според овие извори, важна улога околу кончената одлука ќе има изборот на новиот менаџер.
Сезонава во Премиер лигата, Роналдо има учинок од осум гола и три асистенции.