Кошарка
Сите беа шокирани кога дознаа колку е „тежок“ Леброн Џејмс
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс (37) и официјално стана милијардер.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс заработил огромни суми од договорот и разни други работни места во текот на речиси 20 години од неговата професионална кариера, а магазинот Форбс објави дека ЛБЏ и официјално станал милијардер.
Џејмс во изминатата година заработи 121 милион долари. Тоа беше доволно за да стане милијардер и неговото богатство сега се проценува на нешто повеќе од милијарда долари.
LeBron James Is Officially A Billionaire https://t.co/vKXxBzL9wf pic.twitter.com/5c6cdbYLN8
— Forbes (@Forbes) June 2, 2022
Тој е првиот активен кошаркар кој го постигнал овој успех. Некогашните НБА играчи беа милијардерите Мајкл Џордан и Коби Брајант, но тоа им успеа само по пензионирањето.
Богатството на Леброн сигурно ќе продолжи да расте во наредните години. Покрај договорот започнал и разни бизниси и парите само ќе се таложат без дилема.
Џејмс се уште е активен на кошаркарските терени. Моментално е член на Лос Анџелес Лејкерс, со кого ја освои титулата во НБА во 2020 година.
Сепак, претходната сезона беше една од најнеуспешните во неговата кариера. Лејкерси не влегоа во плејофот и тоа беше жесток удар за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
ЛБЏ, да потсетиме, играше и за Кливленд Кавалирс и Мајами Хит. Четири пати беше шампион во НБА и МВП.
