Фудбал
Сите клубови против новиот арапски Њукасл, ограничен буџетот, воздржан беше се разбира само Манчестер Сити
На состанокот на Премиер лигашите, 18 клубови од вкупно 20 гласале ЗА ограничување на буџетот на трошење на Њукасл, откако овој клуб доби нови сопственици, ултра богатиот принц од Саудиска Арабија. Се разбира Њукасл гласаше против, додека претставниците на Манчестер Сити, кои исто така имаат богати Арапи за сопственици биле воздржани.
„Доколку не ја донесевме оваа забрана, ништо не можеше да го сопре Њукасл, пример да потпише годишен договор за 100 милиони фунти за правата на нивниот стадион со компанија од Саудиска Арабија која е поврзана со нивните сопственици. Потоа тие пари ќе можат да ги користат за купување на фудбалери во јануари и да ги заобиколат правилата на Финансискиот фер плеј“,вели еден од претставниците на клубовите.
Донесеното правило е привремено со рок на траење од еден месец, додека во меѓувреме се подготвуваат перманентни правила за овој проблем.