Connect with us

Фудбал

Сите очекуваа Пеле да му честита на Роналдо, но неговиот потег изненади многумина!

Јувентус во неделата го совлада Удинезе со 4:1 на домашен терен, а два гола постигна Кристијано Роналдо. Со ова неверојатниот Португалец стигна до бројката 758 голови во кариерата, со што го стигна легендарниот Пеле кој постигнал 757 голови.

Сите очекуваа честитки од Пеле, како што тоа неодамна го направи кога Лионел Меси сруши негов рекорд, сепак тоа не се случи.

Наместо честитки за Роналдо, легендарниот Пеле ја смени својата биографија на Инстаграм. Пеле дополнил во описот дека е најдобар стрелец на сите времиња и сега тврди дека во својата кариера постигнал дури 1283 голови.

Ваквиот потег изненади многумина, но очигледно е дека Пеле не сака да го даде „тронот“.