Фудбал
Сите сакаме да гледаме Лига на шампиони, а тоа задоволство чини неверојатни 15 милијарди евра!
УЕФА за рекордни 15 милијарди евра ги продаде ТВ правата за своите клупски натпреварувања за периодот од 2024 до 2027 година, пишува „Марка“.
УЕФА, подолг период се обидува да им ги зголеми приходите на фудбалските клубови, незадоволните се обидоа да формираат свое натпреварување Суперлига, кое згасна 48 часа по основањето.
УЕФА , ги продаде ТВ правата за наредниот тригодишен циклус (2024-2027) за натпреварите во Лигата на шампионите, Лига на Европа и Лигата на конференции за неверојатни 15 милијарди евра.
Од оваа сума, 51% ќе задржи УЕФА, а 49%, односно 7.35 милијарди евра ќе им бидат поделени на клубовите.