Connect with us

Тајмаут

Сите се зачудија откако го видоа мобилниот телефон на Дончиќ: „Нема доволно пари за подобар“

Денес не сте во тренд ако немате скап мобилен телефон со најдобри перформанси, а да не зборуваме за уреди што ги користат оние кои, како Лука Дончиќ, кои заработуваат милиони.

Еден од најдобрите кошаркари на НБА заработува десетици милиони евра по сезона, но кошаркарот на Далас Маверикс остана скромен, барем судејќи според мобилниот телефон што го користи.

Викендов се појави на собирот на словенечката репрезентација со која ќе игра во квалификациите за Олимписките игри. Неговиот соиграч Лука Рупник забележа дека Лука носи постара Нокиа, па го сликаше и сето тоа го објави на Инстаграм со шеговит коментар: „Iphone 13 pro“.

Не е познато зошто Лука го користи овој модел на мобилен телефон, иако многумина веднаш започнаа да коментираат дека тој сигурно има скап мобилен телефон од кој објавува фотографии на социјалните мрежи.

Некои се пошегуваа дека Далас треба да го „зајакне“ неговиот договор за да може да добие малку подобар и поскап мобилен телефон. „Сиромав, тој сигурно нема пари да купи подобар“, се пошегува еден од корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Со оглед на заработените пари, тој може да си дозволи илјадници најнови мобилни телефони, но Лука очигледно не е комплексен и не е заинтересиран за материјални работи.

Реклама

Facebook