Connect with us

Фудбал

Сити, Јунајтед, ПСЖ, Баерн, Интер се огласија, еве кои гиганти објавија дека нема да играат во Суперлигата!

Многу европски фудбалски гиганти ја отфрлија идејата за потенцијално приклучување во Супер лигата веднаш откако Европскиот суд на правдата пресуди во корист на натпреварувањето, против УЕФА и ФИФА. Вчерашниот ден во светот на фудбалот може да биде важен за целата иднина.

Европскиот суд на правдата одлучи дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот за натпреварување со блокирање на формирањето на Супер лигата во 2021 година. Тоа значи дека Суперлигата веќе нема никакви пречки и дека фудбалот може засекогаш да се промени. Сепак, писмата за одбивање од светот на фудбалот пристигнаа уште првиот ден, а бројни великани одбија да учествуваат во натпреварувањето кое допрва треба да се формира.

Четири од шесте најголеми англиски клубови одбија да играат во Супер лигата. Прв тоа го направи Манчестер Јунајтед, а потоа следуваат Манчестер Сити, Челзи и Тотенхем. Интересно е тоа што Ливерпул и Арсенал се меѓу ретките клубови кои сè уште не се огласиле.

По нив следеа бројни европски гиганти како Баерн, Пари Сен Жермен, Интер, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Севиља, Валенсија, Реал Сосиедад, Виљареал, Селтик, Аталанта, Порто, Монако и Рома кои најавија и официјално објавија дека нема да учествуваат во Суперлигата.

Така Реал и Барселона остануваат единствените клубови кои се исклучиво со Суперлигата. Неколку клубови се уште не се огласиле, а под „лупа“ се италијанските гиганти Јувентус и Милан. Се разбира, Јувентус беше еден од организаторите на Супер лигата во 2021 година, но во меѓувреме се откажа од проектот. Сега ги чекаме двата најголеми италијански клуба да дадат официјално соопштение за ова прашање.