Connect with us

Фудбал

Сити веќе упати конкретна понуда до Дибала

Расте интересот на ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала за странски тимови. Како што е познато, актуелниот договор на Аргентинецот истекува на лето и тој сега може да преговара со други клубови и да потпише преддоговор.

Последното име кое се поврзува со 28-годишниот Дибала е тоа на англискиот шампион Манчестер Сити, според Газета дело Спорт. Досега интерес имаше од Интер, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Сепак, „граѓаните“ може да бидат пред своите конкуренти. Наводно од „Етихад“ веќе стапиле во контакт со агентот на фудбалерот и му упатиле многу сериозна понуда. Желбата на Сити е да потпише со Дибала до 2026 година, а му понудија солидна плата од 10 милиони евра годишно.

Засега ова е најдобрата понуда до Дибала од сите засегнати страни. И Јувентус прави се за да го задржи 28-годишниот фудбалер, но последната понуда на „бјанконерите“ беше многу пониска од онаа на Мен Сити. Беше за плата од 7 милиони годишно плус бонуси, а времетраењето на договорот беше до 2025 година.

Од почетокот на сезоната Дибала е водечки стрелец на Јувентус со 11 гола на 22 натпревари во сите натпреварувања.