Фудбал
Скалони: Ако го освоиме Копа Америка, одам во пензија
Копа Америка официјално започна, а репрезентацијата на Аргентина, континенталното првенство на Јужна Америка го отвора со натпревар во групата Б против Колумбија.
Репрезентацијата на Аргентина не подигна пехар на едно големо меѓународно натпреварување уште од 1993. година кога „Гаучосите“ го освоија токму Копа Америка.
Недостатокот на трофеј во дресот на репрезентацијата е нешто што претставува ноќна мора и за најголемата ѕвезда Лионел Меси, па и за него евентуалното освојувањето на Копа Америка би било исполнување на сонот.
Исто како и за селекторот на Аргентина Лионел Скалони, кој низ шала порача дека веднаш оди во пензија ако неговата екипа го подигне трофејот.
„Ако го освоиме Копа Америка, одам во пензија… Оваа екипа дојде до две финалиња на Копа Америка. Важно е да мислите за тоа и да знаете колку е тешко да дојдете до две финалиња и ништо да не освоите. И овој пат ќе биде навистина тешко и комплицирано“, изјави Скалони во најава за натпреварот со Колумбија, па продолжи:
„Овде сме да ги одиграме сите натпревари и да покажеме дека овие играчи можат да играат во дресот на репрезентацијата“.
Скалони потоа се осврна на Меси и неговата желба да освои трофеј со Аргентина.
„Сакам да го истакнам неговиот ентузијазам за играње фудбал. Тој е роден да игра фудбал, роден е да победува… Импресионирани сме од неговиот ентузијазам и фактот дека желбата да победување ја дели со нас, нас не прави среќни“, порача Скалони.
Натпреварот помеѓу Аргентина и Колумбија се игра вечерва на полноќ.