Тајмаут
Скандал: Бекер може да добие до седум години затвор
Шесткратниот победник на Грен слем турнирите Борис Бекер ја користел својата деловна сметка како „свинче банка“ за лични трошоци, соопштија денеска обвинителите пред судот во Лондон во случајот против германскиот тенисер за финансиска измама. Против Бекер се поднесени вкупно 24 обвиненија во врска со неговиот банкрот во 2017 година.
И покрај финансиските тешкотии, 54-годишниот Бекер потрошил големи суми на дизајнерска облека, соопштија обвинителите. Според обвинението, поранешниот број еден во светот сокрил 1,13 милиони евра од продажба на автосалон за Мерцедес, кој го поседувал во Германија, а средствата ги префрлил на својата деловна сметка во Велика Британија.
Адвокатката Ребека Чолкли рече дека Бекер потрошил 643 фунти за облеката на Ралф Лорен, 976 фунти за Хародс и 7.600 фунти за школарина за неговите деца. Значајни суми и платил и на поранешната сопруга Барбара, сегашната (тогашна) Ширли и на друга пријателка.
Кривичниот процес против поранешната тениска ѕвезда во Лондон започна во понеделникот. Бекер (54) мора да се соочи со различни обвиненија во врска со стечајната постапка. Помеѓу повеќе од 20 обвиненија, Бекер тврди дека се обидел да сокрие пари и вредни предмети, како што се трофеи и недвижен имот, од стечајниот управник. Бекер го негира ова.
Теоретски, тој може да се соочи со затворска казна до седум години. Планирано е процесот да трае до три недели.
Boris Becker 'doesn't know where nine of his trophies including two from Wimbledon are and had no idea he owned a house in Germany https://t.co/5g8wjRp6i4
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 22, 2022