Фудбал
Скандал го тресе европскиот фудбал, шест тима ќе бидат исфрлени во најнизок ранг?!
Според „ДеМОрген“ , Гент, Генк, Шарлроа, Стандард, КВ Кортријк и Клуб Бриж би можеле да ја загубат лиценцата за настап во Јупилер лигата и им се заканува испаѓање во белгискиот фудбал, а некои екипи би можеле да испаднат во најнизок ранг, и да започнат повторно од петта лига.
Во Белгија се одвива „Операција нула“ каде се спроведуваат акции против корупцијата и криминалот во спортот, а ќе бидат сослушани стотина осомничени.
Според правилата на Фудбалскиот сојуз на Белгија, доколку поединец биде обвинет за корупција и криминал во фудбалот, неговиот клуб автоматски ќе добие казна со исклучување, односно во овој случај претседателот, директорот или некои од членовите на клубот.
Споменатиот медиум објави и дел од имињата на осомничените кои се тесно поврзани со фудбалот и тоа: Барт Верхее и Винсент Манаерт (Клуб Бриж), Мехди Бајат (Шарлроа), Мишел Луваги (АА Гент) и Бруно Венанци (Стандард). Автоматски и нивните клубови им воведоа санкции, па следниот период во Белгија ќе биде под голема лупа.
Доколку бидат осудени, тие ќе бидат суспендирани од фудбалот на минимум три години и ќе им биде забрането да вршат каква било работа поврзана со спортот.
Наводно, под лупа се 57 лица кои се во белгискиот фудбал, кои вмешале прсти во незаконски активности. Во целиот случај беа вмешани повеќе судии, а се сомнева дека се местени натпревари, работа со обложувалници, но и наводно судиите добивале пари за да судат натпревари по нечија наредба, но се уште не се знае дали тоа се случило во најсилниот белгиски ранг, фудбалска Јупилер лига. Во наредните денови ќе се знаат повеќе детали за целиот случај кој добро ја потресе Белгија.