Connect with us

Фудбал

Скандал го тресе ПСЖ: Договорила да ја претепаат нејзината соиграчка, за таа да има поголема минутажа

Француските медиуми пишуваат дека голем скандал го тресе женскиот тим на ПСЖ. Имено, фудбалерката Кејра Хамрауи била нападната од две маскирани лица, кои со палки ја удирале по нозете и рацете. Сето ова се случило кога заминувала дома по вечерата организирана од клубот, а во автмобилот биле две нејзини соиграчки, меѓу кои и Аманата Дијало.

Хамрауи била пренесена во болница поради повреда, а полицијата започнала истрага. Сомнително било што напаѓачите не украле ништо, туку само ја претепале девојката, па ја исклучиле можноста дека станува збор за грабеж. Во понатамошна истрага утврдиле дека имало други мотиви, па ја привеле Амината Дијало, која е осомничена дека го нарачала нападот.

Имано, Кејра Хамрауи и Амината Дијало играат на иста позиција, па Амината Дијало на ваков суров начин се обидела да си обезбеди поголема минутажа.