Connect with us

Фудбал

Скандал ја потресе Германија – Мукоко има 22, а не 18 години?!

Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд Јусуф Мукоко се најде во центарот на скандал кој го тресе германскиот и камерунскиот фудбал.

Возраста на Јусуф Мукока е сериозно доведена во прашање, пишува денеска Дејли Меил, кој наводно добил информација за неговиот извод од матичната книга на родените.

Да почнеме од почеток, познато е дека Мукоко е роден во Камерун, од каде во 2014 година дошол во Германија, каде што е посвоен од сегашното семејство.

Откако минатата недела се појави веста која предизвика скандал во Камерун поради фалсификување на родените години на повеќето играчи од репрезентацијата до 17 години, беа отворени бројни истраги.

Во една од нив беше откриено дека дури ни Јусуфа Мукоко не е роден во 2004 година, туку во 2000 година!

Неговиот посвоител наводно на новинарот му покажал хартија во која се потврдува дека момчето, Јусуф Мохамад, подоцна Мукоко, е родено во 2000 година, пишува Дејли Мејл.

Овој весник го контактирал и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), кој немал коментар.

„Не се впуштаме во шпекулации. Борусија Дортмунд исто така темелно ги испита документите и документацијата, која беше доставена до Здружението“, соопшти германската ФА.

Воедно зборуваше и тренерот на У23 тимот на Дортмунд, Тимо Пројс.

„Што се однесува до Јусуф, неговата возраст може само да се претпостави. Можеби реалноста е дека тој е година или две постар. Но, сигурно е дека нема 17 години. Сепак, момчето не е виновно за ништо, не измами никого или направи нешто каква што е измама“, рече тој.

Мамењето со годините е тема која долго време го загрижува африканскиот фудбал, а доколку се покаже и докаже дека Мукоко е и четири години постар, тоа би можело да поттикне дополнителни истраги, особено поради скандалот што неодамна се случи во Камерун во репрезентацијата до 17 години. ..