Connect with us

Други спортови

Скандал на Ролан Гарос: Удри девојче кое собира топки, ја исфрлија од турнирот, и ги одземаа партите и бодовите (ВИДЕО)

Неверојатно е што се случува на Ролан Гарос! Откако јапонската тенисерка Мију Като по еден поен случајно со топка удри девојка која собираше топки во глава, мечот прво беше прекинат, а потоа таа и нејзиниот партнерка во женски двојки беа исфрлени од турнирот.

Сега се огласи и самата Мију Като, која освен што им се заблагодари на своите фанови за поддршката, откри и досега непознати детали. Мију Като не само што беше исфрлена од женски двојки , туку и беа одземени парите и бодовите за ВТА листата од управата на турнирот!

„Би сакала искрено да и се извинам на девојката која ги собра топките, на мојата партнерка Алдила и на мојот тим, како и на моите навивачи за денешниот немил настан. Тоа беше целосно ненамерно и поради тоа сум казнета од Ролан Гарос, со одземени парични награди и ВТА бодови. Ја ценам вашата континуирана поддршка“, напиша Мију Като.