Други спортови
Скандал на УС Опен-Му пришле на Новак Ѓоковиќ по тренингот и му било кажано да замине!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ направи спаринг со Карен Хачанов во пресрет на почетокот на УС Опен на стадионот „Артур Еш“, што повторно беше проследено од голем број навивачи. Двајцата тренираа во периодот од 16 до 17 часот по њујоршко време, а како и обично, по тренингот, Ѓоковиќ ќе останеше некое време да дава автограми и да се фотографира со своите фанови, но потоа доби непријатно изненадување. Директорката на УС Опен Стејси Мекалистер се појави на теренот и го извести Новак Ѓоковиќ дека мора да го напушти теренот без никаков контакт со навивачите, па обезбедувањето го придружуваше српскиот тенисер и неговиот тим (Марко Паники, Чарли Гомез, Миљан Амановиќ, Горан Иванишевиќ) .
Секако, навивачите беа незадоволни бидејќи долго чекаа, но Ѓоковиќ по излегувањето од теренот покажа дека тоа не е негова одлука туку на организаторот, па јасно е дека следниот пат ќе се обиде да им се оддолжи. Како што пишува една од најпознатите навивачи на Новак, Џули, организаторите на УС Опен дури ги излажале навивачите кои дошле во „Артур Еш“ по 16 часот и им рекле дека побарал „тренинг без навивачи“ за да не влезат и дека стадионот ќе биде празен до 17 часот.