Фудбал
Скандал на жрепката за ЛШ на легендата не и дадоа да влезе: Хавиер Занети, да видам кој си ти (ВИДЕО)
Следната пролет Атлетико Мадрид и Интер ќе играат во Лигата на шампионите, беше решено на ждрепка во Нион. Извлекувањето на парови не донесе звучни двојки во првата нокаут фаза, па навивачите се малку разочарани, а поранешниот аргентински фудбалер Хавиер Занети можеше да биде разочаран бидејќи не го познаваа на ждрепката!
They really wouldn’t let Zanetti into the UCL draw because he didn’t have credentials…🙃
pic.twitter.com/wxLu5DQbUu— Italian Football TV (@IFTVofficial) December 18, 2023
Иако со години беше еден од најдобрите фудбалери на својата позиција и играше подеднакво добро во дресот на Интер кога тренерите го преселија на уште неколку позиции во тимот, Занети не можеше да влезе во салата! Обезбедувањето на влезот го замолило да ги покаже своите акредитации кои Хавиер ги немал со себе.
Занети на влезот се обиде да им објасни на луѓето кој е тој, дека е познат фудбалер кој со години играше за Интер и дека се уште има улога во клубот, но… Никој немаше разбирање за Занети, кој не се откажа од влезот во ждрепката за нокаут фазата од Лигата на шампионите. П