Connect with us

Тајмаут

Скандал! Снимале филм за возрасни на стадион на познат клуб и тоа за време на фудбалски меч!

Жесток скандал ја потресе Франција! На 29 јануари, додека фудбалерите на Ница играа првенствен натпревар против Лил, на стадионот Алијанц Ривиера се снимал филм за возрасни!

Дејството на филмот, кој неодамна се појави на некои веб-страници за возрасни, започнува на трибините на стадионот на познатиот француски клуб, а потоа жешката акција се сели во тоалетот на стадионот, каде се снимаше главната сцена.

Скандалот изби кога навивачите на Ница на платформа забележале видео кое било снимено на нивниот стадион. И додека најмногу биле воодушевени што дејството на филмот се одвива на место каде што поминуваат многу време, на челниците на клубот не им било смешно, па решиле да поднесат пријава против непознати лица, бидејќи сметаат дека на овој начин се руши угледот на клубот.

-Ница поднесе тужба против лицата кои снимија филм за возрасни во тоалетот на стадионот Алијанц Ривиера. Настанот се случи на 29 јануари за време на натпреварот против Лил“, се вели во соопштението на клубот.

Сега се е во рацете на полицијата, која покрена истрага за овој случај, пишува „РМЦ Спорт“.