Connect with us

Тајмаут

Скандал–сопругата јавно го напушти фудбалерот на Баерн: Ја „тагираше“ манекенката и напиша – Ти го подарувам! (ФОТО)

Нов љубовен скандал во Баерн! Откако Јулијан Нагелсман наводно доби отказ поради афера со новинарка, Лукас Хернандез сега е во центарот на вниманието. Одличниот дефанзивец во клинч со сопругата Амелија де ла Оса Љоренте. Таа на Инстаграм јавно напиша дека сопругот ја изневерува со познатата италијанска манекенка Кристина Бучино! Лукас и Амелија и претходно имаа несогласувања, дури почнаа и парница на развод минатата година, но во еден момент продолжија понатаму и повторно беа заедно. После оваа порака, се чини дека е дефинитивно ставен крајот на нивниот брак.

Лукас Хернандез во 2017 година дури и ја претепал сопругата во пијана состојба, кога добил судска забрана за приближување, а сега продолжил да ја изневерува и тоа била последната капка која ја прелила чашата. Ернандез моментално се опоравува од повредата што ја доби по 20 минути игра на Светското првенство во Катар и ќе ја пропушти целата сезона, а очигледно освен опоравувањето има и други проблеми. Останува да видиме дали сепак ќе опстане неговата врска со Кристина Бучино. Ова е познатата италијанска манекенка:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristina Buccino 🇮🇹 (@cribuccino)