Connect with us

Фудбал

Скандал во Ајакс: Легендарниот фудбалер, сега директор, испраќал непримерни пораки на колешки (ФОТО)

Марк Овермарс поднесе оставка на функцијата директор во Ајакс доцна синоќа. Според информациите од таму, причината се пораките кој тој ги испраќал до неговите колешки, а кои биле непримерни.

-Тоа што испрати непримерни пораки до колешки од клубот е причината за неговото напуштање на Ајакс – се вели во соопштението на клубот од Амстердам, од каде велат дека разговорите со него траеле со часови.

Набрзо се огласи и поранешниот фудбалски директор на славниот холандски клуб.

– Се срамам. Не забележав дека ја поминав границата, ми стана јасно дури претходните денови. Се извинувам, за некој на мојата позиција тоа не е прифатливо однесување, изјави Овермарс.

Легендарниот холандски фудбалер е во брак од 2013-та година и има две деца.