Connect with us

Други спортови

СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА: Олимписка и светска шампионка откри дека била сексуално злоупотребена од висок функционер

Поранешната олимписка и светска шампионка во едрење, Софија Бекатору, предизвика голем скандал во Грција, откако откри дека пред неколку години била сексуално злоупотребена од висок функционер на Грчката федерација за едрење.

Ова таа го откри во една онлајн дебата организирана од владата. Сето ова, како што тврди таа, се случило во 1998-ма година во хотелска соба, каде што била грчката репрезентација, а таа тогаш имала 21 година.

Но, наместо извинување или нешто слично, Федерацијата во едрење ја нападна сега веќе 48 годишната екс олимпијка. Сето ова доби на тежина откако грчките медиуми деновиве посветија поголемо внимание и откако јавниот обвинител ја повика да даде исказ во обвинителството. Иако ова се случувало пред многу години, сепак обвинителството со соопштение се огласи дека ќе го истражи целиот случај, пред се поради стравот дека можеби постоеле други слични вакви случаи. Се уште не е познато името на лицето кое сексуално ја злоупотребило, а дел од јавноста бара таа јавно да го соопшти.