Поврзи се со нас

Фудбал

Скандал во Италија, Лацио би можел да биде исфрлен од Серие А?!

Тимот од Рим вчера допатува во Русија, а во авионот не беа Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Страоша, кои беа позитивни на Ковид 19. УЕФА им забрани на овие играчи да патуваат на мечот против Зенит, а пред седум дена не играа ниту против Клуб Бриж.

Неколку играчи не играа на тој меч, но сепак овие фудбалери беа во фокусот на вниманието, бидејќи по само неколку дена беа негативни и играа против Торино. Имобиле влезе во вториот дел и даде гол за 3:3. Се очекуваше да игра и вечерва, но УЕФА тоа го забрани, бидејќи наводно се уште се заразени.

Тоа направи голем скандал во Италија, а како што пишува „Газета дело Спорт“ Лацио би можел да биде жестоко казнет. ФИГЦ го истражува целиот случај, а му се заканува казна поради кршењето на Ковид протоколите. Доколку се докаже дека навистина го прекршиле протоколот, дури и дека ги лажирале тестовите, тогаш ќе бидат жестоко казнети. Му се заканува дури и исфрлување од Серие А.

 

 

loading...

Facebook