Connect with us

Кошарка

Скандал во најсилната лига во Европа: Тренерот го удри најмладиот играч во тимот (ВИДЕО)

Во 17. коло од Евролигата, Баерн беше поразен од Басконија со 76:81.

Сепак, натпреварот го одбележа неверојатното однесување на тренерот на Баварците Андреа Тринчиери.

Тренерот на тимот од Минхен со тупаница го удри 20-годишниот Џејсон Георг, кој е најмладиот во ростерот на Баерн, а потоа го удри по грбот.

Ваквото однесување на италијанскиот стручњак наиде на лавина коментари по натпреварот, а голем дел од нив го осудуваат ваквото однесување на тренерот кој го води тимот во најсилната кошаркарска лига во Европа.

Споменатиот кошаркар мина две минути на теренот и немаше ниту кикс ниту учинок и прашање е зошто Тринчиери постапи вака.

По 17 одиграни кола, Баерн е на 13. место во Евролигата со сооднос 7-10.