Connect with us

Фудбал

Скандалозни откритија на новинар во светот на фудбалот: Фудбалер на Реал Мадрид удрил жена во глава, а потоа и го покажал пенисот, открива и силувања и педофилија

Францускиот новинар Ромен Молина откри голем број шокантни скандали на Твитер.

Французинот најпрвин зборуваше за силување и сексуално насилство врз малолетници ширум светот, но раскажа и некои засега непознати детали поврзани со некои од познатите фудбалери.

Автор е на шест книги и многу публикации за големи и угледни медиумски куќи како Гардијан, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и Њујорк Тајмс, но во последно време Молина најчесто објавува  на Твитер каде открива премногу шокантни детали од светот на фудбалот. Во четвртокот вечерта донесе грст нови грозни информации.

Тој синоќа зборуваше и за американската фудбалерка Меган Рапионе, велејќи дека повеќе ја интересираат славата и парите отколку откритијата за силуваните малолетници и дека како почитувана спортска ѕвезда треба да има поголема свест за злоупотребата на малолетниците во светот.

Но, тоа беше само почеток. Тој за време на директен пренос на Твитер ја раскажа приказната за играчот на Монпеље, Ели Вахи. Овој фудбалер неодамна беше исфрлен од клубот. Официјалната причина за одлуката била тоа што удрил еден од надзорниците. Молина откри дека вистинската причина сепак е секс скандал.

„Под закана со физички напад, еден од надзорниците ги донел своите млади фудбалери во тоалетот и им рекол да се соблечат и да мастурбираат пред него“, рекол репортерот.

Потоа, тој рече дека Ферланд Менди, фудбалер на Реал Мадрид, удрил жена во главата, која лежела на земја , пред да и го покаже својот пенис и дека жената на крајот завршила во болница.

Тој потоа додава дека еден од клубовите од француската Лига 1 сокрил случај на педофилија. Случајот е стар над 10 години.

Еден од интернационалните тренери бил фатен на дело како силувал две 13-годишни девојчиња, а сето тоа се случило во 2017 година. Неговиот клуб само го отпушти без помпа, а приказната за силуваните девојки остана тајна.

Во шокантните откритија тој изјави и дека голем број странски играчи во англиската Премиер лига или француската Лига 1 боледуваат од анални заболувања откако биле неколку пати силувани во текот на младоста и дека вкупно биле малтретирани околу 400 млади играчи.

На крајот Молина низ смеа изјави дека мора да побегне и да се сокрие во вселената по тоа што тој го објави.

Можеби на луѓето им пречи што откривам премногу детали, но морам да ги подготвам за она што ќе го објавам во март-април“, изјави на крајот новинарот.

Реклама

Facebook

Реклама