Тајмаут
Скандалозно: Шмркаше дрога од глава на друг навивач, сега му е забранет влез на стадион, а му се заканува и апсење (ВИДЕО)
„Чеканите“ се најдоа во огромен проблем, откако на интернет се појави шокантно видео, а во главна улога беа навивачите на Вест Хем.
На скандалозното видео јасно се гледа како еден навивач го конзумира белиот прав во текот на натпреварот, така што ја шмрка дрогата од главата на друг навивач.
— Himoine Granger 🇬🇾 (@kezurgh) March 9, 2023
По повод овој скандал се огласи и Вест Хем кој остро ги осуди навивачите.
„Клубот е згрозен од содржината на видеото и презеде итна акција за да ги идентификува овие лица. Во согласност со нулта толеранција за ваквото однесување, фотографиите и податоците на овие лица веднаш биле испратени во полиција, а на сите им биле суспендирани сезонските билети. Исто така, им е забрането да патуваат на гостински натпревари на Вест Хем“, се вели во соопштението на Вест Хем.