Connect with us

Тајмаут

Славниот Адријано со „тројка“ уништил два брака, по само 24 дена, сопругата го оставила поради манакенка!

Легендарниот бразилски напаѓач Адријано (42) требаше да биде еден од најдобрите во историјата, но… Убавите жени со кои беше опкружен беа една од причините поради која фудбалот не му беше во прв план. Според тврдењата на еден бразилски новинар, токму Адријано влијаел на разводот на славната двојка манекенката Грацијана Барбоса и пејачот Бел на крајот на 2022 година, бидејќи атрактивната Бразилка се заљубила во поранешниот фудбалер откако тројцата ималe интимни односи!

Славниот бразилски пар, Адриано и неговата сопруга Микаела со објава на социјалните мрежи потврдија дека се разведуваат, а медиумите веднаш почнаа да шпекулираат која би можела да биде причината за тоа. Една теорија е дека Грацијана Барбоса, Бел и Адријано имале заеднички афери. Наводно, пејачот Бел ја фатила Грацијана со поранешниот фудбалер, но наместо кавга,  и им се придружил во акција! Сепак, тоа му донесе многу проблеми, бидејќи Грацијана Барбоса развила чувства кон Адријанo таа вечер.

Грациана Барбоса и Бел

Поранешниот бразилски фудбалер се огласи на социјалните мрежи.

„Имам најголема почит кон Бел, никогаш не сум се забавувал со Грацијана. Ќе бидам многу јасен овде, овој човек, кој го кажува тоа за мене, кој го измислил тоа за мене, можете да бидете сигурни дека ќе биде тужен бидејќи тоа не постои, јас никогаш не сум го направил сето ова е лага, никогаш не сум имал тројка, тоа е вистината“, напиша поранешниот голгетер на Интер.

Адриано со поранешната сопруга Микаела

Новинарот Бруно Ди Симоне се обиде да објасни што точно се случи на крајот на 2022 година, кога Адријано се разведе од тогашната сопруга, Микаела по само 24 дена брак! Исчезнал од домот во кој живееле и двајцата, наводно за да го гледа мечот на Светското првенство помеѓу Бразил и Швајцарија со пријателите. Всушност, тој се вратил дури два дена подоцна, по непроспиени ноќи и под дејство на алкохол. Исцрпен од случувањата во претходните два дена, тоа не беше пријатна глетка за сопругата, која веднаш сфати дека е време за развод.

Можеби само години подоцна ќе разбере што всушност доживеал Адријано. Бразилецот кариерата ја започна во Фламенго, подоцна играше за Интер, Фиорентина, Парма, повторно Интер, Сао Паоло, повторно Фламенго, Рома, Коринтијанс, уште еднаш Фламенго, Атлетико Параненсе и Мајами Јунајтед. За бразилската репрезентација играше 48 пати, постигна 27 гола и ја освои Копа Америка во 2004 година.