Connect with us

Фудбал

Славниот играч на Ливерпул ги откри страшните работи: Играше во Премиер лигата со тумор на мозокот

Некогаш познатиот фудбалер на Ливерпул и Лидс, Доминик Матео (49) откри застрашувачки работи кои го следеле во текот на неговата кариера, а се однесуваат на неговата здравствена состојба.

Матео играше во најсилната лига на светот повеќе од една деценија и забележа речиси 300 настапи во Премиер лигата. Сето ова време играше со тумор на мозокот, кој се развил во детството. За сето ова дознал откако му завршила кариерата, а во 2019 година морал да оди на операција.

Таа година му беше дијагностициран редок малигнен тумор откако долго време страдаше од главоболки. Веднаш бил препратен во болница во Лидс, каде состојбата му се влошила. Тогаш туморот е хируршки отстранет, а тој се уште се опоравува од се.

“Не можеш да веруваш, нели? Ти велат дека е рак од детството и цела кариера си ја играл со тумор на мозокот. Можеби можев да бидам подобар играч, нели?”, откри Матео за Би-Би-Си.

Неговата сопруга Џесика откри како се случило сето тоа и низ што минувал.

„Започна со главоболки и малку заматен вид. За 48 часа Доминик ослепе. Имаше тешки напади, беше во инвалидска количка и имаше проблеми со говорот. Кога беше на операција, не можев да спијам.  После 10 часа го добив најдобриот повик во мојот живот. Д-р Рајан рече дека отстранил 90 до 95 проценти од туморот и дека ќе биде добро, откри Џесика во интервју за Дејли Мејл.