Connect with us

Фудбал

Славниот клуб по 111 години испадна од лигата, навивачите плачеа, па го запалија градот (ВИДЕО)

Славниот бразилски клуб Сантос минува низ тешки времиња, бидејќи првпат испадна од лигата во 111-годишната долга историја на клубот. Клубот кој произведе многу големи играчи загуби на домашен терен од Форталеза со 2:1 и на тој начин им дозволи на Баија и Васко де Гама да го надминат на табелата.

На овој начин Сантос заврши на 17. место на табелата со минус бод во однос на Баја, па следната сезона ќе се натпреварува во Серија Б. На овој начин ќе има само два клуба кои никогаш не испаднале, а тоа се Сао Паоло и Фламенго. Испаѓањето навивачите не го поднесоа добро, па сцените од Бразил покажуваат дека градот „гори“. Поточно, снимките се направени во населбата Вила Белмиро, каде се наоѓа Сантос.