Connect with us

Други спортови

Следат нови промени во календарот на Формула 1

Формула 1 може дополнително да го прилагоди календарот за 2021 година во наредниот период.

Очигледно, втора година по ред, трките во Монако, Канада и Азербејџан ќе бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот и неизвесноста што сè уште трае.

Имајќи предвид дека ова се улични трки и дека организацијата треба да започне неколку месеци порано, организаторите очигледно ќе се откажат и оваа година.

Ф1 веќе има резервни опции, така што најбрзиот октански циркус во светот треба да сврати во Истанбул, Муџело и Нирбургинг и во 2021 година.

Веста е дека Големата награда на Ромања треба да се вози на патеката во Имола на 18 април, бидејќи очигледно нема да има ниту кинеско ГП.