Фудбал
Слетува авионот со македонските репрезентативци, се е подготвено
Се е подготвено на Скопскиот аеродром каде што во секој момент се очекува да слета авион на хрватскиот авиопревозник.
Македонските фудбалери полетаа од Палермо каде што вчера ја победија репрезентацијата на Италија.
Од аеродромот со брендиран автобус тие се упатуваат кон градскиот плоштад каде што ќе има официјален пречек.
Многумина попладнево реагираа дека пречекот треба да биде одложен поради претстојниот натпревар во вторник против Португалија.