Кошарка
Снимка која го обиколи светот, Украинските репрезентативци ја пеат химната на денот кога Русија изврши инвазија(ВИДЕО)
Украинската кошаркарска репрезентација беше пречекана со овации во Шпанија, каде пристигна за квалификацискиот натпревар за СП 2023 година.
Украинците играа таму на денот кога Русија ја нападна нивната земја и окупираше дел од нејзината територија со воена акција.
Украинците беа видно потресени пред почетокот на натпреварот. Со солзи во очите ја пееја химната, а камерата фати силна порака на лицето на еден од нив. На десниот образ пишувало „Не на војната“.