Connect with us

Тајмаут

Со чии пари ли го купила? Георгина со роденденскиот подарок со осум седишта за Роналдо (ВИДЕО)

Најпопуларниот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо вчера го прослави својот 37 роденден. Ден подоцна неговата партнерка Георгина Родригез го изненади со подарок.

Георгина објави кратко видео на кое се гледа како Роналдо реагирал на подарокот што го добил.

Имено, таа на Роналдо му подари Cadillac Escalade од 150.000 фунти. Прашање е само со чии пари го купила. Кристијано веднаш ги внесе своите три најмали деца во автомобилот за да го тестира системот на возила со осум седишта.

Георгина и Роналдо веќе имаат четиригодишна ќерка, а и 28-годишната девојка носи близнаци. Португалецот има и уште три деца Кристијанињо, Ева и Матеу.

Инаку, ѕвездата на Јунајтед веќе има возен парк од автомобили вредни 17 милиони фунти, но сигурно ќе најде место за „скромниот“ подарок од својата партнерка.