Connect with us

Други спортови

Со Ѓоковиќ стануваше се полошо, повеќе му одмогнав отколку што му помогнав

Осумкратниот грен-слем шампион и поранешен тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Американецот Андре Агаси изјави дека често имал впечаток дека нивната соработка имала спротивен ефект.

Агаси се приклучи во тимот на српскиот тенисер минатата година, откако од него си заминаа сите со кои Ѓоковиќ соработуваше со години. Се виде дека Новак не е бил подготвен за враќање, ниту пак Агаси, Бекер и Вајда не можеле да го мотивираат да игра на повисоко ниво и да почне да ги бележи резултатите кои се очекуваат од него.

– Новак беше благодарен за советите кои му ги давав. Но не веруваше во она што му го кажував и затоа не можев ништо да сработам. А кога чувствувате дека повеќе одмагате отколку што помагате, тогаш треба и да престанете да соработувате. Едноставно немавме двострана соработка. Се сложивме дека не се сложуваме. Неговата физичка подготвеност не беше добра. Фактот дека немаме два здрави дена од самиот почеток, не беше добро и тој зборуваше дека му треба повеќе време да закрепне, но стануваше се полошо. Тогаш се запрашав – што јас правам тука?, изјави Агаси.

Тој го коментира и фактот што Роже Федерер е „фит” во 37. година  успева да игра на многу високо ниво и со многу помлади од него.

– Дури и тој се буди наутро со вкочанет грб. Јас играв до 36. години, но тогаш физички ништо не беше невозможно. Телото ми говореше застани, а бев и уморен. Енди Мареј на пример се уште е млад и може да закрепне по повредите на колкот. Тенисот може да биде брутален за телото, но не како фудбалот, рагбито, боксот, кошарката и хокејот, заврши Агаси.