Connect with us

Тајмаут

Со контроверзно зелено знаме – ракометарите на Црна Гора цела ноќ славеа победа над Србија

Контроверзното зелено знаме, кое беше присутно на трибините за време на ракометниот натпревар меѓу Србија и Црна Гора, заврши славејќи во автобусот по историскиот триумф на Црногорците, пишуваат српските медиуми.

Српските ракометари беа поразени во Грац од црногорската селекција во второто коло од групата А, што им даде на Црногорците неколку нови страници од историјата на спортот, додека српската ракометна репрезентација ги загубија сите шанси да стигнат до втората фаза.

Сепак, она што фрли сенка над сè што се случи на теренот е контроверзното зелено знаме на Движењето на Комитите во 1918 година.

Играчите беа дури и во зелена опрема, што крена многу прашина во Црна Гора.

Зеленото знаме беше видено и на прославата во автобусот.