Connect with us

Кошарка

Со српска музика и атрактивни девојки, браќата на Никола Јокиќ „запалија“ ноќен клуб во Денвер (ВИДЕО)

Никола Јокиќ освои шампионски прстен и се запиша во историјата на НБА. Во петтиот меч од финалната серија, Денвер го совладаа Мајами со резултат 94:89 и со тоа за првпат во историјата на франшизата станаа шампиони на најсилната лига во светот.

Во овој момент најгордите браќа на планетата Страхиња и Немања Јокиќ не можеа да ги задржат емоциите по величествениот успех што го постигна Никола. Во живо го следеа одлучувачкиот меч, се радуваа со помалиот брат, а потоа прославата ја продолжија во ноќен клуб во Денвер. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Страхиња и Немања во српски дресови лудуваат во друштво на атрактивни девојки. Твитерџиката која го објави видеото открива дека браќата Јокиќ се забавувале со српска музика.